АФС-методот е педагошко-дидактички тренинг и метод за поддршка на луѓето со дислексија и дискалкулија. АФС-методот е развиен базирајќи се на фактот дека лицата со дислексија и дискалкулија покажуваат различен начин на процесирање на информациите – што е очигледно од начинот на кој го учат пишувањето, читањето и сметањето, односно имаат различна способност за учење.
Овој специјализиран метод е дизајниран за да даде индивидуална поддршка со намера да се опише и структурира педагошко-дидактичката активност за да се придонесе за негова поголема професионалност во примената. АФС методот става силен акцент на мултисензорното учење.
Тренингот со АФС-методот вклучува три основни приоритети за помош, кои се мерат:
А: Внимание (грешки на сознание)
- Различниот степен на внимание;
- Децата не ги совладуваат симболите според очекувањата;
- Процесот на мислење и дејствување не се одвива истовремено;
- Правописни грешки;
- Утврдување на вниманието при читање, пишување или сметање.
Лицата со дислексија/дискалкулија потешко го пренасочуваат намерно вниманието на буквите и бројките со можност да го задржат таму. Подобреното внимание придонесува за подобрување и на немирот поврзан со периодичното невнимание за време на пишувањето, читањето или сметањето. Со оглед на тоа дека овие индивидуи ова го манифестираат само за време на пишувањето, читањето или сметањето, а не во други ситуации, најчесто се занемарува, така што често се меша со медицинска дијагноза, како што е нарушено внимание или дефицит на концентрација и хиперактивност.
F: Функција (сетилни перцепции)
Подобрувањето на сензорните перцепции е неопходно за успешно совладување на пишувањето, читањето и сметањето, и тоа во онаа во која е потребно усовршување. Лицата со дислексија поинаку восприемаат и имаат многу брз мисловен процес кој им пречи при правилното читање, пишување или сметање. Потребно им е повеќе време за да ги распознаат и да ги научат симболите, образувањето на буквите или аритметичките функции. Со АФС-методот се утврдува кои сетилни перцепции функционираат на различен начин, бидејќи дисфункцијата не е секогаш кај сите истовремена (акустична, визуелна, просторна ориентација итн.).
- Визуелни:
- Оптичко разликување
- Оптично размислување
- Оптички серијалитет
- Акустични:
- Акустично разликување
- Акустично размислување
- Акустичен серијалитет
- Ориентација во простор
- Шема на телото
Целниот индивидуализиран тренинг се смета дека е неопходен за подобрување на сензорните перцепции – особено визуелната и аудитивната, вклучително и фонолошкото знаење и спацијална перцепција.
S: Симптоми (работа врз сознајните грешки)
- Воспоставување процес што обезбедува постепено зголемување на вниманието и сетилните перцепции.
- Учењето треба да се прави со сите сетила.
Подобрувањето на резултатите при пишување, читање и сметање, што се смета за подобрување на симптоматолошко ниво. Таргетиран индивидуализиран тренинг потребен е и во оваа област.
Очекувани резултати:
По утврдување на тренинг-планот, потребно е да поминат 28 седмици најмалку, за да има основа за повторување на тестот за дислексија и напредокот.
Податоците и фактите собрани за време на долгорочното истражување спроведено помеѓу 2001 и 2006 година, во кое биле вклучени 3370 субјекти, ја покажуваат успешноста на овој метод. Имено, кај 85% од испитаниците е подобрено нивното пишување, читање и сметање, континуирано следено во период од две години, и според тоа, се спремни да ги исполнат училишните обврски.
АФС-методот во Македонија се применува од 2012 година.
Контакт: м-р Гордана Андоновска, дипломиран обучувач за методот АФС
Ин Оптимум Македонија ДООЕЛ, ул. Борка Талески, 17А, Скопје
Тел: 070 / 440 – 866
Е-пошта: Gordana@inoptimum.com.mk