Избрани текстови

10 дислексичари кои освоиле Оскар

Шер, Вупи Голдберг, Стивен Спилберг и Брајан Грејзер се само дел од многуте добитници на Оскар кои се соочуваат со дислексија. Сите овие познати личности се доказ дека потешкотиите со читањето не треба да ни го попречуваат патот до успехот. Во продолжение ви преставуваме листа на 10 добитници на Оскар кои се соочувале со дислексија. Стивен Спилберг Категорија: Најдобар режисер и најдобр филм Филм: Schindler’s List (1994) Категорија: Најдобар режисер Филм: Saving Private Ryan (1999) На Спилберг дислексијата му била откриена дури на 60-годишна возраст. Кога му била откриена, тој изјавил: „Сега конечно го пронајдов и последното парче од мозаикот на мојот живот што досега никогаш го немав пронајдено.“ Тој отворено зборува за тоа како не бил способен да чита и секогаш читал многу полошо о...

Повик за бесплатен тренинг – курс за дислексија “Life Upside Down”

Здружението за дислексија АЈНШТАЈН, во рамки на проектот “Младонска информираност за дислексија” финансиски поддржан од Европската Унија, објавува јавен повик за учество на 80 студенти кои што ќе учествуваат на бесплатен интерактивен тренинг за препознавање на дислексијата, методите за нејзина корекција и ефектите кои таа ги има врз психичкото здравје кај лицата кои се соочуваат со дислексија. Тренинзите ќе се спороведуваат во период од 2 месеци, односно од почетокот на месец март до крајот на месец април 2020 година. Кој може да се пријави? На претстојниот курс-тренинг може да се пријават сите студенти на возраст од 18 до 27 години од следните факултети: Филозофски факултет- Скопје (УКИМ) Педагошки факултет “Св. Климент Охридски” – УКИМ Медицински факултет – УКИМ Факултет за електротехник...

Семинар – “Современи методи и алатки при работа со ученици со дислексија и дискалкулија бр.3”

Поради големиот интерес за првите два практични семинари за современи методи и алатки при работа со учениците со дислексија и дискалкулија ви го најавуваме и третиот семинар кој ќе се одржи на 20.02.2020 година на Филозофскиот Факултет во Скопје. На семинарот ќе имате можност одблиску да се запознаете со принципите на Дејвисовата метода за корекција на дислексија, дискалкулија, диспраксија, диграфија и АДХД со примена на практични алатки за ученици со дислексија и дискалкулија кои може да се користат за време на часовите, но и во домашни услови. Семинарот ќе биде поделен во два дела и тоа: Практични алатки за помош на деца со дислексија ? Краток вовед во дислексија ? Како да ја препознаете дислексијата ? Стратегии за работа во класот во кој има ученици со дислексија ? Практични вежби за по...

Во хеликоптерска несреќа загина најдобриот дислексичен кошаркар Коби Брајант

НБА легендата, Коби Брајант кој се соочувал со дислексија загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија на 26-ти јануари во 9.47 часот наутро. Брајант и неговата 13 годишна ќерка биле двајца од петте патници во неговиот приватен хеликоптер кој летал над Калабасас, кога во хеликоптерот избил оган, јави американскиот портал „ТМЗ Спортс“. 41-годишниот Брајант две децении беше прва ѕвезда на НБА лигата со Лос Анџелес лејкерс, освојувајќи пет шампионски прстени пред да се повлече во 2016 година. Коби Брајант беше многу нешта: еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката, петкратен НБА-првак, освојувач на златни олимписки медали, човек кој се соочуваше со дислексија, човек кој течно говореше повеќе јазици, граѓанин на светот, добитник на Оскар, само-опишана Црна Мамба, беше толку добар ...

Девет годишниот ученик со дислексија креираше уникатен мозаик од рубикови коцки

Се проценува дека некаде околу 20% од светското население се соочува со одреден степен на дислексија, независно дали се работи за поизразени знаци на состојбата или помалку изразени знаци. Девет годишниот Бенџамин од Монтреал припаѓа во оваа група на население, тој се соочува со проблеми со читање и и пишување, но тој се води според мотото “Единствената попреченост во животот е лошиот страв и предрасудите” “Тоа што имам дислексија значи дека јас можам да создадам неверојатни работи” изјави тој за Канадската телевизијата CTV News Дека тој создава неверојатни дела се покажува во видеото каде што Бенџамин реди стотици рубикови коцки и создава портрет на Џон Цена. Цена е боречка супер ѕвезда кој самиот се соочува со дислексија и воедно е еден од најголемите поддржувачи на лицата кои се соочува...

Семинар „Специјална едукација и рехабилитација – Методи засновани на докази”

Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во соработка со Здружението Brain Genius Kids ја имаат честа да ве поканат на првиот едукативен семинар „Специјална едукација и рехабилитација – Методи заосновани на докази” кој ќе се одржи на 15-ти февруари 2020 година на Филозофскиот факултет во Скопје. Аутизмот денеска е се почеста појава кај децата, а во секојдневната пракса увидуваме дека традиционалните начини на работа кои сме ги научиле во текот на нашиот образовен процес се се помалку ефикасни. Наставниците, стручните соработници и сите оние кои работат со учениците со попреченост секојдневно се сретнуваат со бројни дилеми околу за методите за работа. На овој едукативен семинар ќе бидат претставени применливи методи алатки наменети за сите  наставници, воспитувачи, специјални едукатори и рехабили...

На 12 години не знаел да чита се соочувал со дислексија, а потоа завршил на престижен универзитет. Ова се неговите совети

Џонатан Муни како дете го мразел училиштето. Бегал од часови и се криел во училишното ве-це за да не мора да чита. Во трето одделение му поставиле дијагноза дислексија и дисграфија, а во четврто АДХД. – Додека растев, ги добивав сите можни етикети – глупав, немирен, мрзлив. На крај станав дете со посебни потреби – вели Муни. Тој променил неколку училишта, а на 11 години дури и го прекинал школувањето. На 12 години сè уште не знаел да чита. Татко му му рекол дека нема ни да заврши средно. Советникот му рекол дека нема да најде работа. Еден од наставниците му прогнозирал дека ќе заврши в затвор. Неписмен и обесхрабрен, дури планирал и да се самоубие. Десет години подоцна Муни дипломирал со почести на Универзитетот „Браун“, еден од универзитетите од престижната Ајви-лига. Како еден „отпадник“...

Дали проблемот е во децата со дислексија или во образовниот систем?

Многу често на сите ни се случува да ги обвинуваме децата. Ги обвинуваме дека го оставаат светлото запалено, дека не си ги собираат садовите после јадење, дека се премногу гласни итн. Сите овие работи се оправдани и доколку го остават светлото вклучено, а излегле од собата треба да понесат одговорност и треба да ги научиме зошто е важно за се исклучи светлото пред да се напушти собата. Но, да ги обвинуваме децата што не успеале да научат да читаат и потоа да ги караме затоа што вербално го искажуваат своето незадоволство е сосема погрешно и е многу веројатно да предизвика непоправлива штета. Како и да е, денеска бев на состанок на кој се зборуваше за одредена програма за читање и како функционира компјутерскиот дел на истата. Всушност, учениците можат да се снимаат себе си додека читаат не...

АКТИВИРАЈ СЕ И БИДИ ВОЛОНТЕР ВО АЈНШТАЈН!!!

Здружението за дислексија Ајнштајн објавува повик за волонтери!!! Оние кои ќе бидат заинтерсирани да бидат волонтери ќе ја добијат можноста да стекнат искуство од секаков вид на организирање на настани, собирање и обработка на податоци, логистичка и административна поддршка, поддршка при организирање на настани,подготвување на веб содржини и анализи и други работи поврзани со работата на здружението Ајнштајн. Со волонтирање се добива можност за учење и стекнување на нови пријателства. Бидете активни! Вклучете се! Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на адресата: contact@disleksija.org.mk најдоцна до 22.11.2019. Заинтересираните кандидати можат да ги поставуваат своите прашања кај Јана Димитриевска на е-маил: j.dimitrievska@disleksija...

Првата dyslexia friendly веб страна е креирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) ја пушти во употреба својата нова веб страна надградена со нов изглед и нови функционалности кои ќе им помогнат на лицата со дислексија лесно и едноставно да ги читаат веб содржините. Инспирирани од новиот кирилски фонт DyslexicFZF тимот на ФООМ на својот веб-сајт додаде копче во горниот десен агол кое целиот сајт трансформира во наведениот фонт. Исто така покрај менувањето на фонтот додадена е уште една функционалност кој ќе го олесни читањето кај лицата со дислексија, односно копче за зумирање на веб содржините. “Новиот веб-сајт на Фондацијата Отворено општество – Македонија, го подготвувавме подолго време, сакавме истиот да има што е можно повеќе функционалности кои ќе го направат лесно достапен за што е можно повеќе граѓани. Фонд...

Дислексијата не е поврзана со видот

Дислексијата како состојба не е поврзана со било какви проблеми со видот, велат најновите истражувања. Тимови од универзитетите Бристол и Њу Касл направија различни тестирања на видот на повеќе од 5.800 деца и не успеаа да најдат разлики во видот кај децата кои се соочуваат со дислексија. Ова ја оспорува и  ефикасноноста на проѕирните фолии во боја за кои досега се сметше дека го олеснуваат процесот на читање за лицата со дислексија. Ко-авторката на извештајот од истражувањето, Александра Креавин, изјави дека е “малку вреојатно”  видот да биде причина за ваквите проблеми со читањето. Студијата се заснова на долгорочно истражување во областа Бристол, која го следи здравјето на повеќе од  14.000 деца од 1990-тите. Околу 3% од децата имаат тешка форма на дислексија. Затоа, истражувачите напра...

Слабите оценки на учениците со дислексија се единица за нашиот образовен систем

Мрзеливи, незаинтересирани, расеани, неинтелигентни, а некогаш и со ментална попреченост. Ова, многу често, кај нас се квалификации за учениците со дислексија. Состојбата е непрепознаена во нашето образование, а професорите се неинформирани и неедуцирани за неа како потешкотија во учењето. Недостатокот на ефикасни едукативни методи за деца со дислексија во нашите основни и средни училишта, остава трајни и несогледливи последици на младите во оваа клучна фаза на нивниот ментален и психички развој. Штетите кои ги создава неефикасното образование не се само едукативни, децата од нашиот школски систем излегуваат со многу ниска самодоверба, неразвиени вештини и слаба социјализираност. Тие се веќе убедени дека нешто не е во ред со нив, штом не можат да се прилагодат на наставата која е добра за ...

  • 1
  • 2
  • 5