Потешкотии во учењето

ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКУВА ДИСГРАФИЈАТА?

Експертите сè уште не се сигурни што ја предизвикува дисграфијата и воопшто проблемите со писменото изразување. Разбиливо е дека мозокот ги зема информациите преку сетилата и го складира за подоцна. Пред да се почне со пишување, мозокот добива информации од неговата краткорочна или долгорочна меморија и се организира за да започне да пишува. Експертите веруваат дека процесот на пишување се одвива најнапред со организирање на информациите зачувани во меморијата и потоа формирање зборови со пишување на хартија. Истиот процес се одвива и кај лицата со дисграфија. Разликата е во тоа што резултатот од нивното пишување е писмен производ кој тешко може да се прочита и е полн со грешки. Напишаниот текст, исто така,  не го отсликува она што сакал да го каже тој што пишувал доволно јасно. Затоа се в...

ШТО Е ДИСГРАФИЈА

Дисграфијата е состојба која предизвикува проблеми со писмено изразување. Терминот произлегува од грчките зборови dys (“оштетени”) и графија (“правење писмени форми со рака”). Дисграфијата не  е резултат на интелектуален дефицит , неадекватни инструкции ниту пак на мрзеливост. Таа е резултат на различноста на мозокот при процесирање на информациите. За многу деца и возрасни со дисграфија, самото држење на  молив или  организирање на буквите на линија претставува  тешкотија. Нивниот ракопис има тенденција да биде неразбирлив и неуреден. Многумина од нив се борат со правописот и со ставањето на  мислите на хартија. Различни професионалци можат да користат различни термини за да ги опишат проблемите со писмено изразување. Дијагностичкиот и статистичкиот прирачник за ме...

СЛАВНИ  ЛИЧНОСТИ  СО  ДИСКАЛКУЛИЈА

Дискалкулијата е  состојбата која е поретка од дислексија а и помалку позната. Од тие причини дискалкулијата е помалку присутна  станува збор за информации и ресурси на веб-страниците и блоговите. На пример,за  дислексијата  можат да се најдат обемни листи на познати личности кои имаат или имаат пријавено дека имале дислексија. Познатите личности кои се соочувале со разни состојби кои предизвикувале тешкотии во учењето секогаш се поттик и инспирација за лицата кои се соочуваат со некоја од овие состојби. Оние кои се соочуваат со тешкотиите со математиката остануваат , на некој начин , посиромашни за информации од ваков тип. При пребарување на веб порталите за познати лица со дискалкулија , можат да се сретнат неколку имиња: Американскиот актер Хенри Винклер се споменува како актер кој има ...

Што е дискалкулија?

КАРИН КУЦИЈАН Развојната дискалкулија е поврзана со различни промени во функцијата на мозокот и самата структура на мозокот, на што укажуваат сè побројните докази. При неодамнешните истражувања  во областа на развојната дискалкулија користени се техниките за снимање на мозокот, за да се проучат мозоците на луѓето што вршат  задачи поврзани со броеви. Овие техники им овозможиле на истражувачите да генерираат слики на мозокот на учесниците со висока резолуција, што овозможува да се набљудуваат мозочните шеми за активирање при процесирање броеви. Пресметувањето броеви е сложена когнитивна активност која се обработува од комплексна невронска мрежа. Последните неколку години ни дадоа појасна слика за тоа што се случува во нашите мозоци за време на обработката и пресметувањето  на броевите. Сним...

Брајан Батерворт за дискалкулијата

Брајан Батерворт  по професија е професор за когнитивна невропсихологија на Институтот за когнитивна невронаука на Универзитетскиот колеџ во Лондон За првпат го сретнав Чарлс (ова не е неговото вистинско име) кога имаше 30 години и беше особено горд на неговата диплома по психологија. Чарлс е вреден и интелигентен, но неговите лоши вештини за работа со броеви и количини секогаш биле негов сериозен хендикеп. Тој постојано се срамел. Не ги разбира цените и воопшто не знае колку се вкупните трошоци за производите што ги купува. Кога ќе дојде на касата за наплата, не знае колку пари да ѝ понуди на касиерката ниту, пак, знае колку кусур треба да добие. Чарлс сè уште брои со прсти и тешко му е да направи одземање на два двоцифрени броја, како што се на пример 37-19. Тој дури се двоуми да каже и ...

КРАТКО ЗА ИСТОРИЈАТА НА ДИСПРАКСИЈАТА

Диспраксија е една од оние состојби што предизвикуваат тешкотии во учењето. За разлика од дислексијата и дискалкулијата, оваа состојба не е невидлива, туку може да се манифестира преку необично држење на телото и необични движења на рацете и нозете. Но, тоа може да го прочиташ во симптомите, кои се карактеристични за диспраксијата. Кога е откриена диспраксијата? За првпат диспраксијата е откриена од Колиер во 1900 година кога го користи терминот „Конгенитивна  незгода“ како име за оваа состојба. Значи, во теоријата диспраксијата како состојба  е позната околу 100 години! Во 1925 година, француски лекари и терапевти обрнуваат внимание на моторички непријатности кај многу деца со посебни потреби, нарекувајќи ја „моторна слабост“ или „психомоторен синдром“. Всушност, во 1937 година „диспракси...

КАКО ДА ЈА ПРЕПОЗНАЕТЕ ДИСПРАКСИЈАТА

Овде ќе ги најдете најкарактеристичните знаци на диспраксијата. Воедно можете да ги користите и како листа за проверка за вас. КООРДИНАЦИЈА И РАМНОТЕЖА Слаба рамнотежа што се манифестира како отежнато возење велосипед, одење по греда или качување по скали; Лошо држење на телото и брз замор. Стоењето во место подолго време претставува тешкотија. Некои луѓе со диспраксија може да имаат рамни стапала; Лошата интеграција на левата и десната страна од телото може да предизвика проблеми со некои спортови што вклучуваат скокање и возење велосипед; Лоша координација меѓу рацете и очите. Овој недостаток може да влијае на способноста за учество во тимските спортови, особено оние што вклучуваат фаќање топка; Недостаток на ритам при танцување или аеробик; Несмасно одење и движење; Претерани и непотреб...

ШТО Е ДИСПРАКСИЈА

Диспраксијата не е знак на мускулна слабост или ниска интелигенција. Тоа е специфична состојба  на мозок која го отежнува планирањето и координирањето на физичкото движење. Лицата со диспраксија имаат тешкотија одржуваат рамнотежа и тешкотија да одржат правилно држење на телото. За опкружувањето тие изгледаат  несмасни или “не синхронизирани” . За диспраксијата често може да се сретне и изразот “ неспретна дислексија“. Инаку за диспраксија може да се сретнат многу имиња: нарушување на координацијата во развојот, потешкотии во  учење на моторички вештини, тешкотии во моторичкото  планирање или апраксија на говорот. Диспраксијата  може да влијае на развојот на груби моторички  вештини како одење, трчање или скокање. Таа, исто така може да влијае на фини моторни вештини. Тие вклуч...

ШТО ЧУВСТВУВААТ ЛИЦАТА СО ДИСЛЕКСИЈА?

Анксиозност – Анксиозноста е најчест емоционален симптом кој се сретнува кај лицата со дислексија. Лицата што се емоционално вознемирени од нивниот неуспех, ги попречува во можноста да мислат јасно. Учениците со дислексија се многу поподложни да ја искусат анксиозноста многу потешко. Ова произлегува од процесот познат како условување. Тој е еден воспоставен психолошки феномен, според кој, две појави обично се случуваат заедно. Појавата на едниот од нив е насочена да го потсети човекот на другото. Според тоа, дислексичните ученици секогаш се наоѓаат во ситуации кога тие имаат претходен неуспех и не го забораваат тоа, па затоа и реагираат со анксиозност.   Гнев (лутење) – Гневот е честа појава кај лицата со дислексија. Гневот се јавува како последица на фрустрациите во училиштата и соци...

10 % од населението во Европа се соочува со дислексија

За дислексијата многу често се вели дека е скриен недостаток. Токму поради таа причина не може да се утврди точниот број на децата и возрасните што имаат дислексија. Тоа е така поради тоа што кај многу деца дислексијата е доцна откриена, голем дел од дислексичарите применуваат многу добри стратегии за прикривање на своите недостатоци, што процесот на откривање на дислексијата кај нив го прави уште потежок. Постојат држави и општества каде што дислексијата е сè уште непозната состојба, и во едно такво опкружување на неинформираност, може да се каже дека дислексијата воопшто не е застапена, иако тоа не е така. Британското здружение за дислексија проценува дека во западниот свет дислексијата е застапена кај околу 10% од учениците, а 4% се соочуваат со сериозни потешкотии во учењето. Во Обедин...

Што претставува дислексијата?

Дислексијата, всушност, претставува проблем за којшто се води долгогодишна дебата, и создадени се многу дефиниции за неа во последните неколку децении. Класичната дефиниција е предложена од Светската федерација на невролози во 1968 година, која гласи: „Дислексијата претставува нарушување од конституциско потекло, кое се карактеризира со потешкотии во учењето, читањето и пишувањето, и покрај дадените адекватни образовни инструкции и присуство на нормална интелигенција и нормално социо-културно опкружување.“ Оваа дефиниција се заснова на критериумот за нееднаквоста меѓу вештините за читање и генералните когнитивни способности, односно интелигенцијата. Во оваа дефиниција, важно обележје за потешкотиите во учењето е достигнатото ниво на читање, кое е на значително пониско ниво во однос на возр...

  • 1
  • 3
  • 4