Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во изминатата 2018 година спроведе бројни активности согласно своите стратешки определби за период од 2017 до 2020 година односно активности во согласност со следните определби:
- Програма за унапредување на образовните услови за лицата со потешкотии во учењето
- Програма за развивање на јавната свест
- Програма за подигнување и јакнење на јавната свест за штетното влијание од
- прекумерното користење на современите технологии
- Програма за млади и младински активизам
- Програма за институционално јакнење на организацијата
Како едни од најважните активности кои ги спроведовме би ги издвоиле:
- Проектот “Инфо ѕид за дислексија”
- Проект: Не сум чуден, само имам дислексија
- Проект: Инклузивни и образовни политики за учениците со дислексија
- Проект: Транспарентни информации за дислексија
- Проект: Знаете ли што е дислексија? Vol.3
- Проект: Право на говор не е право на говор на омраза
- Проект: Асистивна технологија за дислексија
- Проект: Современа технологија, корист или зависност?
Целосниот извештај за работата на организацијата во 2018 година може да го погледнете тука или пак да го преземете во PDF* формат тука.
Упатуваме голема благодарност до сите донатори кои ги препознаа нашите иницијативи и ги одобрија нашите проектни идеи кои најмногу придонесуваат за воведување на инклузивно општество за лицата со дислексија.
Благодарност упатуваме и до сите соработници и експерти кои не поддржаа во текот на 2018 година и овозможија реализација на сите наши проекти и активности.