dispraksija

ШТО Е ДИСПРАКСИЈА

Диспраксијата не е знак на мускулна слабост или ниска интелигенција. Тоа е специфична состојба  на мозок која го отежнува планирањето и координирањето на физичкото движење. Лицата со диспраксија имаат тешкотија одржуваат рамнотежа и тешкотија да одржат правилно држење на телото. За опкружувањето тие изгледаат  несмасни или “не синхронизирани” . За диспраксијата често може да се сретне и изразот “ неспретна дислексија“. Инаку за диспраксија може да се сретнат многу имиња: нарушување на координацијата во развојот, потешкотии во  учење на моторички вештини, тешкотии во моторичкото  планирање или апраксија на говорот. Диспраксијата  може да влијае на развојот на груби моторички  вештини како одење, трчање или скокање. Таа, исто така може да влијае на фини моторни вештини. Тие вклуч...