Според методот на Рон Дејвис, дислексичарите ќе покажуваат барем 10 од следниве карактеристики и однесувања. Овие карактеристики може да се разликуваат од ден за ден или од минута до минута. Постојано нешто за дислексичарите е нивната непостојаност.
Општи карактеристики
- Изгледаат бистри, високоинтелигентни, и артикулирани, но не можат да читаат, пишуваат, или да читаат и пишуваат несоодветно за возраста;
- Етикетирани се како мрзливи, незаинтересирани, безгрижни, незрели, „не се труди доволно“, „има проблематично однесување“;
- Не се „доволно лоши со учењето“ за да се согледа дека им е потребна дополнителна помош;
- Имаат висок IQ, кој најчесто не може да се покаже на тестови;
- Се чувствуваат безвредни и глупави и имаат слаба самодоверба; ги кријат или прикриваат слабостите со генијални стратегии, поради што нивните тешкотии ретко кој може да ги забележи;
- Лесно се нервираат и емотивно реагираат во училиштето при читање или тестирање;
- Талентирани се во уметност, драма, музика, спорт, механика, раскажување, продажба, бизнис, проектирање, изградба или инженеринг;
- Се чини дека „не се присутни“ и мечтаењето е многу често;
- Тешкотии со одржување на вниманието; се чини дека се „хиперактивни“ или „мечтатели“;
- Најдобро учат преку активности во кои се вклучени со свое делување, демонстрации, експериментирање, набљудување и визуелни помагала.
Визуелни способности, читање и правопис
- Се жалат на вртоглавица, главоболки или болки во стомакот за време на читањето;
- Збунети се од букви, броеви, зборови, секвенци или усно објаснување;
- При читање или пишување се појавуваат: повторувања, дополнувања, преместувања, испуштање букви или броеви, заменување на една буква со друга, превртување на букви, бројки и / или зборови;
- Се жалат дека имаат чувство на движење, кое не постои за време на читањето, пишувањето или препишувањето;
- Се чини дека имаат тешкотии со видот, но испитувањата на видот не покажуваат проблеми;
- Поседуваат силна свесност за опкружувањето и силна моќ за перцепција – забележуваат сè околу себе;
- Читаат и препрочитуваат со малку разбирање.
Слух и говор
- Лесно стануваат расеани од надворешни звуци;
- Имаат екстремно изострен слух и можат да слушаат звуци што другите вообичаено не можат да ги слушнат;
- Имаат тешкотии со преточување на мислите во зборови;
- Зборуваат со запирање и најчесто употребуваат фрази;
- Не ги довршуваат речениците кога зборуваат;
- Може да пелтечат под стрес;
- Не можат да изговорат долги зборови;
- Ги заменуваат фразите, зборовите и слоговите кога зборуваат.
Пишување и моторни вештини
- Имаат тешкотии со пишување или препишување;
- Моливот го држат необично;
- Ракописот им е непостојан или неразбирлив;
- Може да изгледаат „трапави“ и некоординирани;
- Тешко се снаоѓаат во спортови со топка;
- Подложни се на болки при движење;
- Може да бидат амбидекстери, односно подеднакво да работат со левата и десната рака;
- Често се збунуваат за насоки лево – десно или положби под – над, од – до, напред –назад, пред – потоа.
Математика и управување со времето
- Имаат тешкотии со кажување и управување на времето;
- Имаат тешкотии со учење последователни информации или задачи;
- Покажуваат зависност од броење на прсти и применуваат други трикови несоодветно за возраста;
- Може да ги знаат одговорите, но не можат да го претстават проблемот на хартија;
- Можат да пресметуваат, а сепак, да имаат потешкотии при броење предмети или пари;
- Може да не ги разбираат основните математички концепти: собирање, одземање, множење и делење.
Меморија и способност за учење
- Имаат одлична и долгорочна меморија за искуствата, локациите и лицата;
- Имаат слаба меморија за секвенци, факти и за информации што не ги доживеале искуствено;
- Мислат првенствено со слики и чувства, а не со звуци или зборови (имаат многу малку внатрешен дијалог).
Однесување, здравје и развој и личноста
- Исклучително се неуредни или компулсивно уредени;
- Може да бидат одделенски кловнови, екстремно проблематични, или премногу тивки;
- Може да имаат невообичаено рана или доцна фаза на развој (зборување, ползење, одење, врзување чевли);
- Подложни се на инфекции на уво; чувствителни се на храна, адитиви и хемиски производи;
- Може да имаат неконтролирано мокрење несоодветно за возраста;
- Имаат невообичаено висока или ниска толеранција за болка (две крајности);
- Имаат силно чувство за правда; емоционално чувствителни; се стремат кон совршенство;
- Грешките и симптомите на збунетост драстично се зголемуваат при ограничување на времето за одредена активност, емоционален стрес или лоша здравствена состојба.
Дислексичните деца и возрасни може да станат страсни и ентузијастички читатели кога ќе им се дадат алатки за учење што се вклопуваат во нивниот креативен стил на учење.
Пишува: Славица Николовска – Лиценциран тренер за корекција на дислексија, дисграфија, дискалкулија и АДХД/АДД по методот на Рон Дејвис.